прочита
Види и:
чита (несв.)
прочитаат; прочитате; прочитав; прочитал; прочитан
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 660
1.
Исчита текст (книга, дел од текст; информација, податок).
Примери:
Сѐ уште не го прочитав писмото.
Јас прочитав една интересна книга.
2.
Некому гласно изложи пишан текст.
Примери:
Таа им прочита на децата една приказна.
Момчето им го прочита писмото на старите.
Секретарот го прочита соопштението од директорот.
3.
Разбере нечии внатрешни преживувања, чувства, желби, мисли и сл.
Примери:
Тој прочита страв во неговите очи.
Јас веднаш го прочитав.
Слично со:
разбере (св.)
Изведенки