процеп

мн. процепи
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 6619
1. Пукнатина или тесен отвор.
Англиски: crack Албански: çarje
Примери:
Ѕиркаше низ тесниот процеп на вратата.
Зад карпата имаше голем процеп во каменот.
2. Исечено, распорено место.
Англиски: slit Албански: çarje, prerje
Примери:
Направи процеп за главата.
Изрази
Се вие како змија во процеп - се наоѓа во тешка, безизлезна ситуација.