прост

прости
Вид збор: Придавка
Ранг: 2155
1. Што е едноставен, што не е сложен, што може лесно да се разбере, да се сфати.
Англиски: simple Албански: i thjeshtë
Примери:
проста работа
2. Што е едноставен по структура, по направа.
Англиски: uncomplicated Албански: i thjeshtë
Примери:
прост механизам
прости тела
3. Едноставно направен, грубо изработен, што не е скап, без многу украси.
Англиски: coarse Албански: i thjeshtë
Примери:
прост кревет
проста маса
4. Обичен, со ниско потекло, без некој ранг.
Англиски: common Албански: i thjeshtë
Примери:
прост војник
прости народни маси
прост работник
5. Глуп или необразован, наивен, лековерен, со ограничени умствени способности.
Англиски: uneducated Албански: i pagdhendur
Примери:
прост човек
Не е толку прост како што се чини на прв поглед.
6. Груб, без префинети манири.
Англиски: rude Албански: i pagdhendur
7. Обичен, секојдневен, што не се изделува со нешто од другите.
Англиски: simple Албански: mesatar
Примери:
Тоа беше едно обично просто писмо.
Изрази
Со просто око - со голо око, без очила, двоглед, без помошни инструменти.
Прост како грав (леќа) - многу глуп, едноставен.
(мат.) Прост број - број што е делив само со самиот себе и со единица.
(биол.) Проста делба - Размножување на организмите со делење на клетката на две нови клетки.
(грам.) Проста реченица - реченица со еден подмет и еден прирок.
(астр.) Проста година - година што има 365 дена.
(спорт.) Прости вежби - вежби што се изведуваат без реквизити.
Од проста причина - јасно, видливо поради нешто настанало или се случило.
Изведенки
простичок прид.
простичкиот
дем.