просторија

мн. простории
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 932
1. Дел од внатрешноста на куќа или зграда ограничен со ѕидови или прегради, под и таван.
Англиски: room Албански: dhomë, odë
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Куќата имаше неколку простории.
Целата просторија беше осветлена со неонски светилки.
Во една мала просторија беше сместена спалната соба.
подрумски простории
2. Простор за определена намена.
Англиски: room Албански: sallë, vend, lokal
Примери:
Во просторијата на клубот се одржа литературно читање.
Изведенки
просториичка ж.
мн. просториички
дем.