прифати

прифатат, прифатам; прифативме; прифатиле; прифатевме; прифатеше
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 658
1. Фати со држење да не падне.
Англиски: intercept Албански: kap
Примери:
Девојчето го прифати шкафчето со обете раце.
Сестрата го прифати кутриот старец и го седна на креветот.
2. Прими, згижи некого на некое време, даде засолниште некому.
Англиски: accommodate Албански: strehoj
Примери:
Нашата држава ги прифати бегалците.
3. Усвои предлог, понуда одлука.
Англиски: accept Албански: pranon
Примери:
Тој прифати да ја врши оваа функција.
Изрази
Го прифатиле мајките - се однесува поинаку од вообичаеното, од нормалното.
Изведенки
1. прифаќа несв.
прифаќаат
2. прифаќање ср.
глаг. им.