прегради

преградат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 35527
1. Направи преграда, оддели нешто со преграда.
Англиски: partition Албански: ndaj
Примери:
Ја прегради нивата со густ плет.
Го прегради дворот со дрвена ограда.
Ја преградија чешмата со железо.
2. Изгради поинаку, на друг начин.
Англиски: remodel Албански: ndaj, rimodeloj
Примери:
Мајсторите брзо ја преградија куќата.
Еден дел од станот младите го преградија.
3. Попречи, препречи пат некому.
Англиски: block Албански: bllokoj
Примери:
Војската им го прегради патот на селаните.
Тие им го преградија патот на крадците.
Изведенки
1. преградува несв.
преградуваат
2. преградување ср.
глаг. им.