преграда

мн. прегради
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 6642
1. Ѕид, ограда што дели некаква просторија, што одделува еден простор од друг.
Англиски: wall Албански: veçoj
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
камена преграда
бетонска преграда
Направија преграда во речното корито.
2. Просторија, простор зад таков ѕид и сл.
Англиски: mock wall Албански: tallen mur
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Тој се скри во празната преграда на амбарот.
Излезе низ вратата од олтарската преграда.
3. Нешто што преградува, препречува пат, пристап, приод кон нешто.
Англиски: barrier Албански: pengesë
Примери:
Влезот во пештерата е покриен со преграда од густи растенија.
На патот има прегради од паднати дрвја.
4. Посебен, одделен дел од нешто.
Англиски: compartment Албански: veçantë
Примери:
Ковчегот имаше неколку прегради.
5. Морална пречка тешкотија.
Англиски: barrier Албански: pengesë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Меѓу нив се создаде непреодлива преграда.
Немањето доверба створи преграда во нивната љубов.