прашалник

мн. прашалници
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 5522
1. Список, збир од прашања на кои треба да се одговори.
Англиски: questionnaire Албански: pyetësor
Употреба: Административен термин
Примери:
Секој кандидат пополнува прашалник.
2. Знак на интерпункцијата, знак за прашање.
Англиски: question mark Албански: pikëpyetje
Употреба: Граматика
Изрази
Е под прашалник - за нешто што е несигурно, непотврдено, сомнително.