преиначи

преиначат; преиначил; преиначен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 14914
Преправи, промени, измени нешто.
Англиски: commute
Примери:
Врховниот суд ја преиначи пресудата.
Новинарите ја преиначија неговата изјава.
Изведенки
1. преиначува несв.
преиначуваат
2. преиначување ср.
мн. преиначувања
Пример: Нови преиначувања на историските факти.