празно

Вид збор: Прилог
Ранг: 6287
1. За празен простор без луѓе или предмети, во кој нема никој или ништо.
Англиски: empty
Примери:
Во дворот беше празно.
2. безизразно, тапо
Англиски: dull
Употреба: Преносно значење
Примери:
Гледаше празно во неа.
3. осамено, тажно
Англиски: lonesome
Употреба: Преносно значење
Примери:
Му беше празно во душата.
Изрази
Во празно - залудно, напразно.
Изведенки
празно ср.
(едн.)
празнина