превозник

мн. превозници
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 43160
Тој што превезува, што врши превоз на патници и стока.
Англиски: carrier
Употреба: Транспорт
Примери:
Превозниците во знак на протест на еден ден го прекинаа бесплатниот ученички превоз.
Работи како превозник.