расвести

(се) расвестат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 49604
1. Направи некој да почне да преоѓа од несвесна во свесна состојба.
Англиски: sober
Примери:
Тој ја расвести со студена вода.
Студената вода и студените облоги го расвестија момчето.
2. Свести, направи некој да биде внимателен и добро да ја согледа ситуацијата, да почне трезвено да размислува.
Примери:
Тие го расвестија за лошото однесување на девојката.
3. (се расвести) Дојде во свесна состојба.
Примери:
Тој се расвести, стана и почна да се движи.
4. Стане свесен за нешто.
Примери:
Откако ја платија казната, се расвестија.
Изведенки
1. расвестува несв.
(се) расвестуваат
2. расвестување ср.
глаг. им.