потера

мн. потери
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 4459
1. Вооружена група што гони некого за да го фати.
Англиски: manhunt Турски: potera Албански: poterë, ndjekje
Примери:
Имаше големи потери на целата територија.
Потерата запука по него, но тој продолжи да бега.
2. Гонење на тој што бега за да биде фатен.
Англиски: manhunt Албански: poterë, ndjekje
Примери:
Најпосле се согласија и тргнаа во потера.
Тој се врати од залудната потера по еден избеган престапник.