потера

потераат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 7020
1. Почне да гони некого или нешто.
Англиски: drive Албански: ndjek, ngas
Примери:
Со прачката го потера коњот.
Овчарите го потераа стадото.
Луѓето ги потерале врзани в град.
2. Натера, принуди некого да изврши нешто.
Англиски: force Албански: detyroj, shtyej
Примери:
Потерај го син ти да го врати тоа што го зеде.
3. За растение - почне да расте, пушти пупки, лисје.
Англиски: grow Албански: rritet
Употреба: Ботаника
Примери:
Отстрана беше потерал шамак.
Секој ден тој поминуваше да види дали потерало крувчето.
4. Навлезе во определена година од возраста.
Англиски: grow older Албански: rritem, plakem
Примери:
Детето ја потера деветтата година.
5. Тера малку, кратко време.
Англиски: drive Албански: çoi
Примери:
Потераа малку лутина, па се смирија.
6. Почне да прави, да пројавува нешто.
Англиски: start Албански: bëj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Од него не можевме да потераме работа.
Потерале малку ќеф.
7. (се потера) Почнат да се гонат еден со друг, заемно.
Англиски: chase Албански: ndjek
Примери:
Гладни волци се потераа.
Изведенки
1. потерува несв.
(се) потеруваат
2. потерување ср.
глаг. им.