потрес

мн. потреси
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 8728
1. Движење на Земјината кора поради тектонско поместување или вулканско дејство.
Англиски: earthquake Албански: dridhje
Примери:
Скопското подрачје е подложно на силни потреси.
2. Ненадејно и краткотрајно движење на нешто како последица на силен удар или на експлозија.
Англиски: shock Албански: dridhje
Примери:
Пукнатините на куќата се предизвикани од потресите на експлозиите на мините.
Подземен потрес.
3. Брза, голема промена во некоја сфера од општествениот живот.
Англиски: shock Албански: ndryshim, tronditje
Употреба: Преносно значење
Примери:
Општествата во транзиција доживееја големи потреси.
4. Длабока возбуда, силно вознемирување.
Англиски: shock Албански: shqetësim
Употреба: Медицина , Преносно значење
Примери:
Душевни потреси.
Изрази
Потрес на мозокот - губење на свеста како последица на пад или силен удар по глава.