порака

мн. пораки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 807
1. Тоа што се порачува некому; соопштение, известување испратено по некого.
Англиски: message Албански: mesazh
Примери:
Дојде кај него и му ја соопшти пораката на стариот.
шифрирана порака, кодирана порака
СМС порака.
2. Основна идеја што ја соопштува авторот преку својата творба.
Англиски: statement Албански: ekspozim