порани

поранат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 51974
1. Стане рано наутро.
Примери:
Тоа утро порани за да стигне навреме.
2. Се појави, настапи, дојде порано од предвиденото.
Примери:
Пролетта поранила, дошла предвреме.
3. Појде порано некаде, направи нешто порано од предвидениот рок.
Примери:
Месечината излегува в зори, па ќе поранам.
Аирлија работа, сте пораниле.
Изведенки
1. поранува несв.
порануваат
2. поранување ср.
глаг. им.