порази

поразат; поразил; поразеше
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 13089
1. Нанесе пораз во борба, во натпревар.
Англиски: defeat Албански: mund, ngadhnjej
Примери:
Тие го поразија непријателот.
Тие го поразија противничкиот тим со голема разлика во резултатот.
2. вчудовиди, запрепасти
Англиски: startle Албански: ngadhnjej, befasoj
Примери:
Свеста за она што се случи толку го порази, та дури усети трпки по целата снага.
И сега го порази она чувство дека тој е одамна тука.
Неговата појава го порази.
Изведенки
1. поразува несв.
поразуваат
2. поразување ср.
глаг. им.