поради

Вид збор: Предлог
Ранг: 588
1. Означува причина како мотив за некое дејство.
Англиски: because
Примери:
Поради густата магла се случија многу несреќи.
Средбата беше откажана поради отсуство на директорот.
2. цел, намера
Англиски: to
Примери:
Двајцата министри имаа средба во четири очи поради усогласување на ставовите.
Често одиме на кејот на реката поради рекреација.