пораб
мн. пораби
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 26497
1.
Подвиткан и зашиен раб на ткаенина.
Примери:
Направи широк пораб за да може да ја вовлече врвката.
2.
Тесна, долга лента по рабовите на облеката.
Примери:
Носеше елек со сребрен пораб.