подножје

мн. подножја
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 5954
1. Долен дел на некое возвишение, рид, планина.
Англиски: foothill Албански: rrëzë
Употреба: Географија
Примери:
Во подножјето на планината извира една река.
2. Долен дел на некој предмет.
Англиски: pedestal Албански: piedestal, bazament
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Подножјето на споменикот е од мермер.