подолади

подоладат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Олади, излади малку, донекаде.
Англиски: cool off
Примери:
Подолади го бостанот во реката, па да каснеме малку.
2. За време - се намали надворешната температура.
Англиски: cool off
Употреба: Безлично
Примери:
Од изутрина подолади малку.
3. Смири малку силни чувства, стане во некоја мера рамнодушен кон некого или кон нешто.
Англиски: cool off
Употреба: Преносно значење
Примери:
Од некое време подоладија и почнаа поретко да се гледаат.