подлога

мн. подлоги
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 6542
1. Основа, темел, база на што се гради објект, се поставува нешто друго.
Англиски: base Албански: bazë
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
цврста подлога
песочна подлога
влажна подлога
2. Тоа што е во основата на нешто, на што се прави, се нанесува нешто друго.
Англиски: base Албански: bazë, themel
Примери:
Тие настани имаат историска подлога.
Тоа објаснение има научна подлога.
3. Растение на кое се калеми.
Албански: rrënjë, bazë
Употреба: Ботаника
Примери:
Кaлемење на европската винова лоза на американски диви подлоги.
4. Предмет што се подметнува под друг предмет.
Англиски: stand Албански: bazë, themel
Примери:
Машината се поставува врз подлога од бетон.
Изрази
Ја губи подлогата под нозе - се чувствува несигурен.