подиум

мн. подиуми
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 8147
1. Издигнат дел од под, издигнато место во сала од кое се говори или се настапува во некаква сценска изведба.
Англиски: platform Албански: platformë
Употреба: Сцена
Примери:
Оркестар поставен на мал подиум во дното на салата.
Артистите застанаа на подиумот и се поклонија пред публиката.
2. Подигнат под или место за танцување.
Англиски: podium Албански: poduim
Примери:
Младите танцуваа на подиумот.
3. Во римските антички циркуси - балкон за високопоставени лица на чело со императорот.
Англиски: podium Албански: podium
Употреба: Историја