подзамре

подзамрат; подзамри, подзамрете, подзамрев, подзамреа, подзамрел, подзамрен
Вид збор: Глагол, свршен
1. Стивне малку, замолчи донекаде, во извесна мера.
Англиски: quieten down
Примери:
Детето подзамре малку, престана да плаче.
Подзамреа топовите.
2. Стивне малку, намали интензитет.
Англиски: quieten down
Примери:
Подзамре трговијата во малото гратче.
Изведенки
подзамира несв.
подзамираат