подзакрпи

подзакрпат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Закрпи малку, во некоја мера нешто скинато, дупнато, донекаде, како било.
Англиски: patch Албански: arnoj pak
Примери:
Ги подзакрпија улиците.
Ја подзакрпи вреќата надве-натри.
2. (се подзакрпи) Си закрпи себеси облека, дел од облека, малку, донекаде.
Англиски: patch Албански: arnohem
Примери:
Се подзакрпив некако деновиве, да не одам со скинати чорапи.
Изведенки
подзакрпува несв.
(се) подзакрпуваат