подвои

подвојат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Раздвои, подели на две, разедини.
Англиски: split Албански: ndaj
Примери:
Одлуката на директорот го подвои колективот.
2. (се подвои) Се раздели на две, се разедини.
Англиски: split Албански: ndaj
Примери:
Општеството се подвои на патриоти и издајници.
Изведенки
1. подвојува несв.
(се) подвојуваат
2. подвојување ср.
глаг. им.