побрза

побрзаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1960
1. Ја зголемува брзината за кратко време.
Англиски: speed up
Примери:
Дај, побрзај!
Побрзај, те молам, уште малку ќе дојдат.
2. Направи нешто без чекање, избрза во нешто.
Англиски: haste
Примери:
Побрза да се пофали.
Побрза да ѝ одговори уште пред да ја ислуша.
Изведенки
1. побрзува несв.
побрзуваат
2. побрзување ср.
глаг. им.