подзарадува

подзарадуваат; подзарадувал
Вид збор: Глагол, свршен
1. Израдува некого малку, кратко време, во некоја мера.
Примери:
Им купи по нешто на децата, да ги подзарадува малку за празникот.
2. (се подзарадува) Се израдува малку, во некоја мера.
Примери:
Кога ја чу веста, се подзарадува малку.