плаштаница

мн. плаштаници
Вид збор: Именка, женски род
1. Ленено платно, крпа, погребна облека од тенко платно.
Англиски: shroud Албански: pëlhurë liri, qefin
Употреба: Историја , Црковен термин
2. Платно со сликата на Христовото тело во гробот.
Англиски: shroud Албански: pëlhurë me pikturën e Krishtit në varr
Употреба: Црковен термин
3. Маса покриена со платно што го симболизира Христовиот гроб и се поставува во црквата на Велипеток.
Примери:
Верниците се провираа под распосланата плаштаница.