писмен

писмени
Вид збор: Придавка
Ранг: 2630
1. Изразен со букви.
Англиски: written Албански: me shkrim
Примери:
писмен испит
писмена задача
писмена обврска
2. Што умее да чита и да пишува.
Англиски: literate Албански: që di shkrim lexim
Примери:
Мајче, ако си писмена, потпиши се.
3. Што умее граматички правилно да пишува и да зборува.
Примери:
Инженер е, а малку писмен.
4. Што има потребни знаења од некоја наука или уметничка гранка.
Англиски: knowledgable Албански: i ditur
Примери:
музички писмен
политички писмен
5. Што не содржи граматички и стилски грешки; писмено напишан.
Албански: i shkruar mirë
Примери:
писмен состав
6. Што одговара на барањата во некоја научна или уметничка гранка.
Примери:
писмен цртеж
7. Што е напишан, отпечатен, објавен.
Англиски: printed Албански: i shtypur
Употреба: Книжевен збор , Ретко
Примери:
писмени споменици