опитен

опитни
Вид збор: Придавка
Ранг: 12763
1. Што има опит, што е со големо искуство во некоја област, работа.
Англиски: experienced
Примери:
Гостинот во сешто умееше некако да се снајде и се покажа како опитен светски човек.
Талентирана и опитна рака на режисер, од снимениот материјал ќе може да направи одличен документарец.
2. Што е наменет за опит, за експеримент.
Англиски: experimental
Примери:
Опитна станица.
Опитно поле.
Изведенки
1. опитно прил.
Пример: Потребно е само да се калеми опитно и добро.
2. опитност ж.
искуство
Пример: Животна опитност.