одмазди

одмаздат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 8106
1. Казни злосторник во име на жртвата.
Англиски: revenge Албански: hakmerrem
Примери:
Тој го одмазди својот брат.
Синот го одмазди татка си.
Семејството ја одмазди смртта на својот најмлад член.
2. (се одмазди) Со одмазда се задоволи за извршена неправда, насилство и сл.
Англиски: revenge Албански: hakmerrem
Примери:
Ќе ти се одмаздам за ова што ми го направи.
За навредата му се одмазди подоцна.
Изведенки
1. одмаздува несв.
(се) одмаздуваат
2. одмаздување ср.
глаг. им.