ние

нас
Вид збор: Заменка
Ранг: 95
1. (нам, ни; нас, не) Лична заменка за прво лице множина; го означува множеството лица во кое е вклучено лицето што зборува.
Англиски: we Српски: ми Албански: ne Бугарски: ние
Примери:
Ние се вративме.
Ние си ја свршивме работата.
Сега ние ќе платиме, а вие другпат.
2. Наместо заменката јас заради изразување скромност на авторот, говорителот кон читателите, слушателите.
Англиски: we Албански: ne
Примери:
Ние ќе истакнеме овдека само неколку факти што го потврдуваат нашето гледиште.