нешто

Вид збор: Заменка
Ранг: 590
1. Неопределен, непознат предмет, појава; со глагол - прирок во реченицата, како неопределен подмет.
Англиски: something
Примери:
Нешто гори.
Нешто падна.
Нешто заигра во него.
Нешто го мачи.
2. Неопределен, непознат предмет, појава; со глагол - прирок во реченицата, како неопределен предмет.
Англиски: something
Примери:
Носел нешто.
Напиша нешто.
Купиле нешто.
Му раскажал нешто.
3. Неопределен, непознат предмет, појава; со глагол - прирок во реченицата, со предлози.
Англиски: something
Примери:
Верува во нешто.
Се налутил за нешто.
Го влечеше кон нешто.
Личи на нешто.
Извира од нешто.
Беше натажен поради нешто.
Се врати по нешто.
Се занимава со нешто.
Седна до нешто.