нарача
нарачаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3728
1.
Направи нарачка, побара нешто да му се донесе, да добие.
Примери:
Господинот нарача да му донесат ручек.
Нарачал да му донесат неколку товари дрва.
Нарачал прстен за невестата.
Овие пари ми дојдоа како нарачани.
2.
Прати порака по некого, порача, јави нешто.
Англиски:
tell
Албански:
porosis, thëras
Учителот нарачал да се соберат сите селани во училиштето.
3.
Претскаже судбина.
Примери:
Како што нарачале наречниците така ќе биде.
Изрази
Дојде како нарачан - за нешто што ќе се случи кога е најпотребно.
Изведенки
1.
нарачува несв.
нарачуваат
нарачуваат
2.
нарачување ср.
глаг. им.
глаг. им.