напамет

Вид збор: Прилог
Ранг: 6097
1. Без читање текст, по паметење; без пишување.
Англиски: by heart
Примери:
Учејќи ги напамет тие творби, луѓето се доближуваат до убавината на јазикот.
Тој можел напамет да пресметува и повеќецифрени броеви.
2. Без познавање, без факти за нешто.
Англиски: unfounded
Примери:
Зборува напамет.
Лесно е да се зборува напамет.