над

Вид збор: Предлог
Ранг: 256
1. Место што е погоре, повисоко од означениот предмет.
Англиски: above
Примери:
Над самото село почнуваше густа дабова шума.
2. Од горната страна на нешто.
Англиски: above
Примери:
Над вратата беше закачен свадбен венец.
3. Количествен признак, повеќе од нешто.
Англиски: over
Употреба: Преносно значење
Примери:
Hа средбата учествуваа над сто научни работници.
Се очекува температурата да се искачи над триесеттиот степен.
4. Нешто што треба да има предност, да се претпочита.
Англиски: over
Примери:
Каде и да сме, љубовта кон Македонија треба да ни биде над сѐ.
5. Особина од највисок степен, при споредба на две исти именки.
Англиски: over
Примери:
Тој беше мајстор над мајсторите.
Со некои карактеристики потсетува на библиската Песна над песните.
6. Објект врз кој е насочено, сосредоточено дејството.
Англиски: over
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го затекнавме задлабочен над ракописот на новиот роман.
7. Надмоќ, превласт, управување на некој врз некого или нешто.
Англиски: over
Примери:
Со својата трудољубивост и чесност се наметна над сите.