меси

месат; меси, месете; месев, месеа; месел; месен; месејќи; месив, месија; месил
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 4202
1. Подготвува тесто од брашно, вода со гмечење.
Англиски: knead Албански: gatuaj
Употреба: Гастрономија
Примери:
Меси леб.
Меси пита.
Меси колачи.
2. Гмечи, обликува нешто густо.
Англиски: mould Албански: gatuaj, ngjesh
Примери:
Плитарите ги месеа од кал.
3. Подготвува, планира нешто тајно.
Англиски: prepare Албански: gatuhet, pregatitet
Употреба: Преносно значење
Примери:
И самиот не веруваше што ќе произлезе од тоа што го месеше цела година.
Изведенки
месење ср.
глаг. им.