кружи
кружат; кружел
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 3399
1.
Се движи (оди, лета) во кружна или слична линија околу нешто.
Англиски:
circle
Албански:
rrethoj, rrotulloj
Околу пламенот кружеа мушички и ноќни пеперутки.
Над бојното поле кружеа авиони.
2.
Тече, струи, циркулира во тело, механизам, повторувајќи го истиот пат.
Примери:
Крвта кружи во телото.
Топлата вода кружи низ механизмот на инсталациите на парното греење.
Слично со:
циркулира (св. и несв.)
3.
Се протега во кружна линија.
Примери:
Патот кружи околу градот.
4.
Оди од место на место, од рака на рака, од човек на човек.
Примери:
По селата кружеа агитатори на неколку партии.
Шишето со ракија кружеше од рака на рака.
Изведенки
кружење ср.
глаг. им.
глаг. им.