излезе
излезат; излезам, излези, излезете; излегов, излегоа; излегол, излегле; (ќе) излезев, (ќе) излезеа; (ќе) излезел; излезен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 172
1.
Се појави надвор однекаде, напушти некое место, некоја средина.
Примери:
Излезе на порта.
Густ чад излезе од подрумот.
Од ниската куќичка излезе средовечна жена.
2.
Се извлече, се ослободи од некоја состојба, положба.
Примери:
Нашето претпријатие излезе од тешката положба.
Слично со:
извлече (св.)
3.
Се појави во јавност, се објави, се отпечати (книга, списание, весник).
Примери:
Мојата книга излезе од печат.
Слично со:
публикува (св. и несв.)
4.
Се појави како резултат.
Примери:
Сите овие работи излегле од моите раце.
5.
Се појави пред некого, на повик, по задача и сл.
Англиски:
step forward
Албански:
hap përpara
Момчињата за првпат излегоа пред воена комисија.
Скараните комшии излегоа пред судијата за прекршоци.
6.
Се појави, се покаже на телото како последица или израз на некоја состојба.
Примери:
На лицето од болниот му излегоа мозолчиња.
7.
Отиде, оди некаде.
Примери:
Таа излезе на прошетка.
Ќе излезам да купам нешто.
Слично со:
отиде (св.)
8.
Испадне, се покаже како последица.
Примери:
Неговото прашање излезе неумесно.
Оваа работа излезе многу тешка.
Тој излезе плашлив.
Слично со:
испадне (св.)
9.
се покажа
Примери:
Излезе дека нивните мажи не се јавиле на работа.
10.
За пат - води, доведува.
Примери:
Оваа улица излегува на езерото.
Тунелот за бегство излегуваше на една мала уличка.
Слично со:
води (несв.)
11.
За небесно тело - изгрее, се појави на небесниот свод.
Примери:
Месечината излезе в зори.
Слично со:
крене (св.)
12.
За нечистотија, дамка - се исчисти, се отстрани.
Примери:
Бојата со ништо нема да излезе.
Слично со:
отстрани (св.)
13.
Заличи на некого, се истера на некого.
Англиски:
equal
Албански:
i përngjan
Целиот излезе на татко му.
Слично со:
личи (несв.)
14.
Наспроти, истапи пред јавност (со реферат, став, мислење).
Примери:
На симпозиумот тој излезе со реферат.
Слично со:
истапи (св.)
Изрази
Излезе од умот - се исплаши, се вчудовиди.
Му излезе на некого пред очи - се појави пред некого.
Излезе на крај со нешто - се справи, излезе од некоја ситуација.
Не му излегува од глава/ум - не може да заборави.
На нос ми (му...) излезе - ми (му...) преседне некоја работа.
Изведенки
излегува несв.