затече

затечат; затече, затекоа; затекол, затекле; (ќе) затечеше, (ќе) затечеа; (ќе) затечел; затечен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 8388
1. Почне да тече.
Англиски: flow Албански: rrjedh
Примери:
Затече вода од славината.
И затекле солзи по лицето.
2. Најде некого или нешто на некое место, во некаква положба или состојба.
Англиски: find Албански: gjej
Примери:
Дождот не затече на нива.
Ја затеков разбудена.
Тој ги затекол децата како берат сливи.
3. (се затече) Се најде негде во време кога нешто почнува да станува, да се случува.
Англиски: find Албански: gjej
Примери:
Се затекол на местото на несреќата.
Двете сестри се затекоа кај вујкото.
Изведенки
1. затечува несв.
затечуваат
2. затечување ср.
глаг. им.