заслепи
заслепат; заслепи, заслепете; заслепев, заслепеа; заслепел; (го) заслепив, (го) заслепија; (го) заслепил; заслепен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 13720
1.
За светлина - попречи (најчесто привремено) да гледа добро.
Примери:
Светлината му ги заслепи очите.
Белината на снегот ги заслепи планинарите.
2.
Заблуди некого, изгуби способност правилно и објективно да расудува.
Примери:
Славата го заслепи младиот актер.
Таа ме заслепи со својата убавина.
3.
(се заслепи) Се заблуди по некого или по нешто.
Примери:
Тој се заслепи од ветувањата на стариот ако остане да го чува.
Изведенки
1.
заслепува несв.
(се) заслепуваат
(се) заслепуваат
2.
заслепување ср.
глаг. им.
глаг. им.