закопнее

закопнеат; закопнеј, закопнејте; закопнеав, закопнеаја; закопнеал; закопнеан; закопнеев, закопнееја; закопнеел; закопнеен
Вид збор: Глагол, свршен
1. За снег, мраз - почне да копнее, да се топи.
Англиски: melt Албански: shkrij
Примери:
Закопнеаја последните соспи снег.
2. Почне да копнее, го обзеде копнеж по некого или по нешто.
Англиски: yearn Албански: kam mall, jam i etur
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таа закопнеа по изгубениот син.
Тие закопнеаја по родниот крај.