заднина

(едн.) заднината
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 6176
1. Нешто што се наоѓа одзади; заден дел од нешто.
Англиски: background Албански: sfond, prapavijë
Примери:
Стоеше во заднината од дуќанот.
2. Територија зад фронтот.
Англиски: background Албански: prapavijë
Употреба: Воен термин
Примери:
Цело време пренесуваше сандаци муниција од заднината и ги носеше на бојната линија.
Изведенки
заднински прид.
заднинскиот