е

Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 21
1. Постои, го има, се наоѓа, престојува некаде.
Англиски: be Албански: është
Примери:
Тој е уште таму.
Колата е во гаражата.
Нашата делегација беше во Тајван.
2. Се наоѓа во некаква состојба.
Англиски: be Албански: është
Примери:
Таа беше многу тажна.
Јас сум болна.
Децата се среќни.
3. Има некакво својство, особина.
Англиски: be Албански: është
Примери:
Тоше беше вистински маж.
Ти си добар, но другите се подобри од тебе.
Радоста е голема.
4. Има определен број години.
Англиски: be Албански: është
Примери:
Дедо Иле е деведесетгодишен и сè уште се крепи.
Таа беше 18-годишна.
5. Временски период или временска состојба.
Англиски: be Албански: është
Примери:
Есен е, врнат студени дождови.
Беше пладне, а тој не дојде.
6. Има некаков статус, професија, класификација, звање, функција.
Англиски: be Албански: është
Примери:
Тој е драмски писател, а таа е позната пејачка.
Дамјан е ѕидар. Таа беше учителка.
7. Со причинско значење.
Примери:
Грешката е кај тебе.
Прашањето е во издржливоста на материјалот.
8. Потекнува од некаде, се родил некаде.
Албански: është
Примери:
Татко му на Никола е од Дебар, а мајка му е скопјанка.
9. се именува, се нарекува
Албански: është
Примери:
Јас сум Петре Панчевски.
Тие се Аџиевци.
10. Има нешто, поседува.
Албански: ka
Примери:
Таа е со две мали деца.
Момчето е со куќа и со високи примања.
11. Се наоѓа во роднински, пријателски врски.
Албански: është
Примери:
Горде ѝ е ќерка на Роза.
Тој е внук на Донка.
12. Поддржува, дава согласност за нешто.
Албански: jep
Примери:
Ние сме за Марија.
Сите сме за Македонија, ама секој на свој начин.
13. значи, претставува
Примери:
Ти си ми сè.
14. Се залага, се застапува за нешто.
Примери:
Синдикатот е за плати во две рати.
15. Личи, прилега на нешто.
Албански: njgjan
Примери:
Види го, целиот е на вујко му.