должи
должат; должел
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 2482
1.
Има долг, должен е некому.
Англиски:
owe
Албански:
detyrohem, kam borxh
Ти ми должиш мене пари и брашно.
Уште ми ги должи парите што му ги дадов.
Слично со:
борчи (несв.)
2.
Има морална обврска спрема некого.
Англиски:
owe
Албански:
obligim, borxh
Својот живот му го должам само на еден човек.
Верувам дека ова што сум сега им го должам на родителите.
На децата им должиме големо внимание.
Слично со:
обврзува (несв.)
3.
Има задолжение да направи нешто, да возврати или даде некому нешто.
Англиски:
owe
Албански:
obligim, borxh
Тој ѝ должеше извинување.
Јас ви должам објаснување.
Тој е должен да го знае тоа.
4.
(се должи) (само во 3 л. едн. и мн.) Произлегува од нешто, е резултат на нешто.
Примери:
Сè што постигнала се должи на нејзините две раце.
Ваквиот успех се должи на самостојната работа на учениците.
Добрите резултати се должат, пред сè, на целосното ангажирање на сите вработени.
Слично со:
произлегува (несв.)
5.
Продолжува, развлекува нешто во должина, прави да биде уште подолго.
Примери:
Облаците ги должеа своите сенки.
Таа знаеше да ги должи вечерите како преѓата на своето вретено.
6.
Излага, раскажува опширно, со многу детали (за говор, разговор).
Примери:
Нема да должам многу во кажувањето.
Должиш како роман во продолженија.
Слично со:
издолжи (св.)
7.
(се должи) Се протега во еден правец, се издолжува.
Примери:
Патот се должи, крај нема.
Меѓу нив се должеа железни сенки.
По црната површина на езерото почнаа да играат сенките, да се должат.
Слично со:
протега (несв.)
8.
(се должи) Се развлекува, трае многу долго.
Примери:
Тишината се должеше во глувиот планински дол.
Се должеше гласот на калуѓерот.