гости

гостат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Ранг: 14018
1. Пречека, пречекува, почести, почестува некого како гостин со јадење и пиење.
Англиски: feed Албански: mysafir
Примери:
Ама не гостија!
Домаќините ве гостат со вино и со ракија.
2. (се гости) Добро се најаде и се напие, добро јаде и пие, се почести, се чести.
Албански: gostitet
Примери:
Целото село јало и се гостело.
Тој се гости со баницата.
Изведенки
гостење ср.
глаг. им.