врз

Вид збор: Предлог
Ранг: 335
1. Означува местоположба, наоѓање или движење озгора на или по површината на нешто.
Англиски: on
Примери:
Врз двете ќебиња беше ставена и една јамболлија.
Врз снегот се гледаа свежи траги од мечка.
Паднал врз некој стог со сено и така се спасил.
И лете врз кошулата носеше елек.
Лазеа муви врз расечената лубеница.
2. Дејство што е насочено против некого или нешто; објект на дејство.
Англиски: at
Примери:
Сите се нафрлиле врз него со сета сила.
Во Советот за безбедност е осудена инвазијата врз Ирак.
Совршено злосторство врз Македонија.
Тој секогаш позитивно влијае врз него.
Подолго време засилено работи врз новата книга.
3. Натрупување на еднакви предмети како резултат на позабрзано вршење на некое дејство.
Англиски: after
Примери:
Палеше цигара врз цигара.
Пишуваше писмо врз писмо.
4. Вообичаено изговарање, читање (во математиката) на дробната црта/линија (8/5 - осум врз пет) или на бројот во некои адреси.
Англиски: slash
Примери:
Булевар Кочо Рацин, бр. 32/1 - триесет и два врз еден.