вози
возат; возам, возиш, возиме, возите, возат; возел; возете; возевте
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 1635
1.
Управува некое превозно средство.
Англиски:
drive
Албански:
ngas, drejtoj
Јас го возев големиот камион.
Вози чун по езерото.
Возете внимателно!
Слично со:
управува (несв.)
2.
Носи, пренесува некого или нешто со превозно средство.
Англиски:
transport
Албански:
vozis, transportoj
Со автобусот возам патници и стока преку граница.
3.
Оди, се движи, сообраќа (за возило).
Англиски:
drive
Албански:
ngas, vozis
Автомобилите возеа со голема брзина.
Новата кола вози многу убаво.
Слично со:
сообраќа (несв.)
4.
Лаже некого.
Примери:
Почнав да се правдам, да го возам.
Веруваа во неговите зборови, иако ги возеше.
Слично со:
лаже (несв.)
5.
(се вози) Се движи, оди, патува со или во/на превозно средство.
Англиски:
take
Албански:
udhëtoj, vozitem
Се возевме на брод.
Се возел во автобус.
Се возел со велосипед.
Слично со:
патува (несв.)
Изведенки
возење ср.
глаг. им.
глаг. им.